Нолевска и Виборг обезбедија четвртфинале во Купот на ЕХФ

Во клучниот натпревар од последното коло во групната фаза победа оствари данскиот женски ракометен клуб.

Во шестата решавачка рунда од групата Ц во скандинавската пресметка Виборг на домашен терен со 29:26 славеше против Бјасен.

За данскиот клуб во составот беше македонската ракометарка Наташа Нолевска, но овојпат таа не се запиша во листата на стрелците.

Кај нејзините тимски колешки се издвоија Нилсен и Стромберг со по шест голови, а за норвешкиот претставник Хогдал забележа девет погодоци.

Покрај Виборг, во четвртфиналето од Купот на ЕХФ досега се пласираа уште Лада (Русија), Виперс Кристиансанд (Норвешка), Кастамону Беледијеси (Турција), Ларвик (Норвешка) и Залау (Романија).