Нолевска и Виборг нема да се борат за трофејот во Купот на ЕХФ

Се одиграа денеска реванш полуфиналните натпревари од Купот на ЕХФ во женска конкуренција…

Откако на првиот меч во Данска, екипата на Виборг триумфираше со резултат 34:31, истата предност не успеа да ја задржи на возвратниот дуел во Норвешка и загуби од Кристиансанд со 29:23.

Македонската ракометарка Наташа Нолевска двапати се запиша во листата на стрелците, најефикасна кај нејзините тимски колешки беше Јоргенсен со осум, а еден повеќе на спротивната страна имаше Скар Братсет.

Кристиансанд во финалето ќе се сретне против романската екипа на Крајова која пак во балканската пресметка го елиминираше турскиот состав на Кастамону.