Нолевска и Виборг изненадени на стартот од групите во Купот на ЕХФ!

Стартуваше групната фаза во женскиот ракометен Куп на ЕХФ…

На домашен терен составот на Виборг неочекувано загуби од турскиот Кастамону Беледијеси со 26:28 (13:15).

За данската екипа настапи македонската ракометарка и десно крило Наташа Нолевска која запиша еден гол, а кај нејзините тимски колешки најефикасна беше Норгаард Остербале со 10 погодоци.

За турскиот тим 11 голови забележа Искендероглу, следена од хрватската интернационалка Матиќ која имаше пет голови.

Во вториот меч од групата Ц норвешкиот Бјасен на гости во Полска со 22:24 славеше против Вистал Гдиња.

Следниот дуел Виборг ќе го има во Норвешка на 13. јануари со почеток од 17:00 часот против тимот Бјасен.