Нелоски веќе блеска во Германија: Прв стрелец во триумфот на Кобург! (ВИДЕО)

Второлигашот Кобург оваа сезона ќе се обиде да се најде на првите три позиции кои водат во најсилната германска Бундеслига.

Моментно после пет одиграни натпревари е на осмото место со седум бодови, лидери се Бергишер (10), Нордхорн Линген (10) и Емсдетен (9).

Со доаѓањето на новото летно засилување, 21-годишниот македонски репрезентативец Марко Нелоски, клубот започнува да остварува позитивни резултати.

Нашиот бек кој може да игра и како пивот блеска уште на првите мечеви во дресот на Кобург, беше прв стрелец со шест голови (6/6) во гостинскиот убедлив триумф над Рајн Викингс (13:27).

Да потсетиме, дека Нелоски игра како позајмица во Кобург од редовите на бундеслигашот Хутенберг.

Leave a Reply