Нелоски и Кобург 2000 забележаа победа над Либек-Швартау

Во 20. коло од втората германска ракометна Бундеслига триумф на Кобург 2000.

На домашен терен со конечен резултта 24:21 (13:9) успеа да го совлада Либек-Швартау.

Македонскиот интернационалец, Марко Нелоски кој може да игра како бек, но и како пивот три пати се запиша во листата на стрелците.

На табелата Кобург 2000 е на шестото место со 24 бодови, а моментно на првите две позиции кои водат наредната сезона во најсилната Бундеслига се наоѓаат Бергишер (38) и Битигхајм-Метерзимерн.