Нант елиминиран во Лига Купот: Лазаров втор стрелец против ПСЖ!

Нант го заврши настапот во Лига Купот на Франција…

Беше рамноправен противник во четвртфиналето против ПСЖ предводен од тренерот Сердарушиќ кој на крајот триумфираше со 35:33.

Македонскиот интернационалец Кирил Лазаров во дресот на Нант беше втор стрелец со пет голови во мрежата на Омејер, подобар од нашиот десен бек беше само Турне со седум.

На спротивната страна најефикасни беа Хансен и Генсхајмер со по шест погодоци.