Нацева: Сакаме поголема поддршка од трибините, убаво е да се игра пред полни сали!

После три кола во групата Ц од ракометната женска Лига на шампионите води македонскиот првак Вардар со шест максимални бодови, пред ФТЦ со четири, Турингер два и без бодови Ларвик.

„Црвено-црните“ предводени од тренерот Ирина Дибирова ја имаат фаворитската улога, а имаат желба да ја продолжат успешната серија на резултати пред верните навивачи од кои посакуваат да дојдат во што поголем број.

Гордана Нацева – претседател на Вардар

Добро е што капитенот и тренерот размислуваат дека секој натпревар е сериозен. Сакам да истакнам дека сериозно пристапуваме на секој меч.

Мец и Вардар се единствени со максимален учинок досега во ЛШ. Очекувам сите да бидат здрави и неповредени. Доколку продолжимне со овој начин на играње можеме да го реализираме она што е план.

Им се заблагодарувам на навивачите за досегашната подршка, но секако можат да дојдат и во поголем број. Убаво е да се игра пред полни сали.

Ларвик е наш традиционален противник. Мислам дека ќе има одлична ракометна претстава во сабота“.

Натпреварот меѓу Вардар и Ларвик е закажан за в сабота во 17 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Во продажба се пуштени и билетите за натпреварот, што може да се купат во продажната мрежа на „Тикетплус“ ТУКА

Фото: zrkvardar.mk/Денис Дуковски