На првата од двете контролни средби: Словенија рутински ја совлада Србија!

Денеска нов пријателски натпревар одигра репрезентацијата на Словенија…

После триумфот над Иран (31:19), избраниците на селекторот Веселин Вујовиќ со 36:32 (15:15) во новиот подготвителен меч за ЕП во Хрватска.

После првото полувреме беше нерешено, а во второто благодарение се до 40. минута српскиот голман Чупара се одржуваше егал, а потоа се разбрани и Урбан Лесјак. што беше причина за серијата на Словенците и предводени од Јанц, Мачковешек и другите заминаа на плус седум и го решија прашањето на победникот.

За в среда (10. јануари) истите репрезентации ќе имаат нова контролка од 18:00 ч., како последна за Словенците пред ЕУРО кој ќе го стартуваат против Македонија на 13. јануари (19:30 ч.)

Да додадеме уште дека поради повреда на еврошампионатот селекторот Вујовиќ нема да може да смета на услугите на левиот бек Матеј Габер и десниот бек Јуре Доленец.

Пријателски натпревар
Словенија-Србија 36:32

Словенија: Благотиншек 5, Хенингман 2, Маргуч 5, Јанц 8, Цингесар 3, Цехте, Медвед 2, Зарабец, Безјак 2, Гребенц 2, Жабиќ 1, Мачковшек 2, Лебан 1, Скок (9 одб.+седмерец), Лесјак (6 одб.), Сухолезник 2, Млакар 1.