Може ли некој да го престигне најдобриот стрелец во историјата на еврошампионатите?

Најдобар стрелец во историјата на Европските ракометни првенства е македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров.

Нашиот десен бек својот најдобар рекорд го оствари во 2012. година кога забележа вкупно 61 реализиран погодок.

На вечната листа најблиску до играчот на францускиот клуб Нант се Швеѓанецот Стефан Ловгрен и Исланѓанецот Олафур Стефансон со по 57 голови од ЕП 2002.

Наскоро ќе започне ново Европско првенство, односно во периодот од 12-28 јануари во Хрватска каде што Македонија се наоѓа во групата Ц заедно со Словенија, Црна Гора и Германија.

Најдобрите стрелци на сите европски првенства:

1994 – Васили Кудинов (Русија) 50 голови
1996 – Томас Кнор (Германија) 41
1998 – Јан Филип (Чешка) 48
2000 – Олег Велики (Украина) – 46
2002 – Стефан Ловгрен (Шведска)/Олафур Стефансон (Исланд) 57
2004 – Мирза Џомба (Хрватска) – 46
2006 – Сергеј Рутенка (Словенија) – 51
2008 – Ивано Балиќ (Хрватска)/Никола Карабатиќ (Франција)/Ларс Кристиансен (Данска) 44
2010 – Филип Јиха (Чешка) 53
2012 – КИРИЛ ЛАЗАРОВ (МАКЕДОНИЈА) 61
2014 – Жоан Канелјас (Шпанија) 50
2016 – Валеро Ривера Фолч (Шпанија) 48