Младинките со три порази го завршија квалификацискиот турнир за СП 2018

Македонската женска младинска ракометна репрезентација не успеа да се пласира на Мундијалот…

На квалификацискиот турнир во Исланд, нашите надежи денеска во последното трето коло загубија и од Германија со резултат 37:11 (17:5).

Најрасположена беше Гичевска со четири голови, по еден погодок запишаа Брунчевиќ Исмаил, Калајџиевска, Кипријановска, Николиќ, Смајлоска, Тасевска и Владева.

Германките на тој начин со три максимални победи во групата 4 обезбедија настап на наредното Светско првенство.

Фото: macedoniahandball.com.mk