Митревски со 19 одбрани ги одржа шансите на Констанца за полуфинале

Во вториот натревар од четвртфиналниот плеј-оф во романскиот ракометен шампионат…

Составот на Доброгеа Суд Констанца на домашен терен израмни во серијата (1:1), откако триумфираше со 27:20 над Динамо Букурешт.

Еден од најзаслужните за победата беше македонскиот голман Никола Митревски кој придонесе со 19. одбрани.

Исто така, во серијата на 1:1 израмни и тимот на ЧСМ Букурешт кој како гостин минимално беше подобар од Темишвар на нашиот чувар на мрежата, Златко Даскалоски.

Свој придонес во таа победа имаше десното крило Гоце Георгиевски како втор стрелец со четири реализирани голови од пет обиди, воедно имаше и едно исклучување од две минути.