Металург никако да ја прекине лошата серија во СЕХА (ВИДЕО)

Нов пораз за македонскиот вицешампион оваа сезона во СЕХА Газпром лигата.

Денеска Металург во Белорусија го претрпе и четвртиот пораз во низа од Мешков Брест со 35:30, иако на полувремето имаше само еден минус негатива (18:17).

Најефикасни во редовите на „сино-белите“ беа Кузмановски со осум голови и Јагањац со седум, а кај голманите Томовски забележа пет, а Арсиќ три одбрани.

На табелата Мешков Брест после четвртиот триумф по ред моментно е на третото место со 15 бодови, колку што има и Татран Прешов на втората позиција (лидер е Вардар 21), додека Металург е на седмото место со шест бодови.