Металург ја заврши сезоната во СЕХА со триумф над Целје! (ВИДЕО)

Македонскиот вицешампион триумфално ја заврши сезоната во СЕХА Газпром ракометната лига.

Металург успеа во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје да го совлада еден од учесниците на годинешниот Фајнл-фор турнир што ќе се одржи токму во нашиот главен град.

Избраниците на тренерот Александар Јовиќ беа подобри од тимот на Целје Пивоварна Лашко со конечен резултат 28:26.

Најефикасни кај „сино-белите“ беа Кузмановски со шест, Јагањац и Илиќ со по пет голови, додека во редовите на словенечката екипа доминираа Маргуч, Макуц и Дујшебаев со по пет погодоци.

На табелата Металург после севкупни 18. одиграни кола во регионалното натпреварување заврши на седмото место со 22 бодови, или седум победи, едно реми и 10. порази.

Фото: sehaphoto.photodeck.com