Металург, Еурофарм Работник и Пелистер обезбедија фајналфор во Купот

Претстојниот фајналфор во Купот на Македонија, кој ќе се игра на 19 и на 20 мај 2018 год., ќе претставува пресметка меѓу две екипи од Скопје и од Битола, откако Пелистер обезбеди учество и им се приклучи на Металург и на Еурофарм Работник.

Последното празно место ќе се дознае после натпреварите од групата 1 каде што фаворитската улога ја има Вардар кој изминатиот викенд имаше обврски во Лигата на шампионите.

Група 1, СЦ Јане Сандански – Скопје
Полуфинале:
РК Металург 2 – РК Вардар
ГРК Борец – РК Металург Јуниор

Досега се завршени натпреварите во групите 2, 3 и 4 и постигнати се следните резултати:

Група 2, Сала Младост – Битола
Полуфинале:
20.04.2018, 11.00 ч.: РК Прилеп 2010 – РК Еурофарм Работник 21:36 (10:17)
20.04.2018, 13.00 ч.: РК Струга – РК Радовиш 27:32 (12:15)
Финале:
20.04.2018, 18.00 ч.: РК Радовиш – РК Еурофарм Работник 25:28 (12:17)

Група 3, Сала Радишани – Скопје
Полуфинале:
21.04.2018, 15.00 ч.: РК Делчево Вардар – РК Пелистер 20:43 (8:19)
21.04.2018, 18.30 ч.: РК Бутел – РК Охрид 2013 29:27 (15:15)
Финале:
22.04.2018, 16.00 ч.: РК Пелистер – РК Бутел 22:31 (8:15)

Група 4, Сала Автокоманда – Скопје
Полуфинале:
20.04.2018, 17.00 ч.: РК Пролет 62 – РК Вардар Неготино 40:24 (18:15)
20.04.2018, 19.15 ч.: РК Металург – РК Вардар Јуниор 39:25 (21:9)
Финале:
21.04.2018, 17.00 ч.: РК Металург – РК Пролет 29:24 (13:11)

Заврши и четврт-финалето во женскиот Куп на Македонија, каде настап во фајналфорот обезбедија двете екипи на Вардар, ЖРК Металург и Пелистер, односно три екипи од Скопје и повторно една екипа од Битола.

Резултати:

18.04.2018, 13.30 ч.: ЖРК Гевгелија – ЖРК Пелистер 16:33 (6:17)
20.04.2018, 18.30 ч.: ЖРК Куманово – ЖРК Вардар Јуниор 31:33 (13:19; 29:29)
20.04.2018, 19.30 ч.: ЖРК Овче Поле СУ – ЖРК Вардар 20:58 (11:29)
21.04.2018, 17.00 ч.: ЖРК Деспина – ЖРК Металург 20:28 (7:13)