Манасков пред третиот меч на ЕП: Ќе сториме се да ја победиме и Германија!

Двете репрезентации обезбедија пласман во следната фаза, па финалната средба в среда од 18:15 часот в Загреб во рамките од групата Ц ќе одлучи која репрезентација колку вкупно бодови ќе пренесе во понатамошнот дел од Европското првенство.

Со пораз македонската репрезентација ќе пренесе два бода, со реми три, а со победа четири во главната фаза која што ќе се одржи во Вараждин град кој што буди убави спомени од Светското првенство во 2009. година.

Играме за првото место во групата, ќе сториме се да триумфираме и на нашиот трет натпревар на ЕП. Германија е навистина добра репрезентација, и тоа ќе биде еден интересен меч“, рече македонскиото лево репрезентативно крило Дејан Манасков.

Ако загубиме ќе бидеме второпласирани и главната фаза во новоформираната група 2 ќе ја започнеме на 19. јануари, но доколку ремизираме или славиме, и на тој начин бидеме првопласирани, нашите најдобри ракометари ќе имаат дури четири дена пауза, односно првиот дуел од главната фаза би го имале на 21. јануари.

Да додадеме уште дека неколку наши играчи настапуваат за германските клубови, Филип Талески во Рајн Некар Левен, Филип Миркуловски (Вецлар) и Аце Јоновски (Ратинген).

Своевремено во Бундеслигата играа уште Дејан Манасков (Вецлар/Рајн Некар Левен) и Борко Ристовски (Гумерсбах/Рајн Некар Левен).

Фото: cro2018.ehf-euro.com/Nebojsa Tejic