Манасков и Веспрем продолжуваат да „газат“ во Унгарија

И во шестиот натпревар оваа сезона во најсилното унгарско ракометно првенство…

Составот на Веспрем продолжува со победничката серија, овојпат на домашен терен со 39:20 (18:8) го „збриша“ Ференцварош.

Во триумфот придонесе македонскиот интернационалец Дејан Манасков кој двапати се запиша во листата на стрелците.

На табелата води Веспрем со 12 бодови, колку што има и Пик Сегед на второто место, на третата позиција е Балатонфуреди со 10 бодови, но и меч помалку.

Во следното Веспрем на 21. октомври ќе гостува кај можеби директниот конкурент за шампионската титула, составот на Пик Сегед.