Манасков: Брзи контри, лесни голови, на крајот заслужена победа! (ВИДЕО)

Македонската репрезентација стигна до втората победа на ЕУРО 2018 против Црна Гора (29:28).

Нашето лево репрезентативно крило Дејан Манасков четири пати се запиша во листата на стрелците (4/5).

Ова беше тежок натпревар, како што беше и претходно со Словенија. Не го започнавме мечот како што посакувавме и нивните пивоти постигнаа многу добри голови.

Во второто полувреме беше многу подобро, одигравме подобри брзи контранапади и постигнавме неколку лесни голови. На крајот заслуживме да триумфираме“, рече Манасков.

Селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ:

Ја пропуштивме нашата шанса, но на крајот јас сум навистина горд на мојот тим. Максимално до крај одиграа против Македонија“.

Фото: cro2018.ehf-euro.com/Nebojsa Tejic