Македонските најдобри ракометари ја започнуваат ЕХФ неделата (ФОТО)

Во хотелот „Александар“ Палас се одржа првиот собир на македонската машка сениорска репрезентација…

Нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Раул Гонзалез ќе започнат со тренинзи во рамките од ЕХФ неделата.

Закажани се тренинзи во ВИП Арената СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, а воедно е најавен и еден пријателски натпревар од затворен карактер против селекцијата на Русија.

Исто така, оваа ЕХФ недела претставува и подготовка пред она што ги очекува „црвено-жолтите“ во јуни и мундијалскиот бараж против Романија.

Список на ракометари на Машка сениорска репрезентација за ЕХФ Недела (02-08.04.2018):

Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Дејан Манасков, Филип Талески, Горан Крстевски, Филип Кузмановски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Велко Маркоски, Дарко Димитриевски, Гоце Ојлески.

Фото: facebook.com/rfmofficial/Филип Вирановски