Македонија со пораз од Шведска ги стартуваше евро-квалификациите!

Вечерва во Лунд македонската женска сениорска ракометна репрезентација загуби во првото коло од квалификациите за ЕП 2018.

Избраничките на селекторот Симовски претрпеа пораз од фаворитот Шведска со конечен резултат 38:26. Во вториот меч Србија беше подобра од Фарски Острови со 36:20. Ѓорѓиевска беше најрасположена со девет голови, еден помалку забележа Хагман.

Нашата селекција се враќа во Скопје каде продолжува со подготовките за втората средба од квалификациите против Србија.

Мечот ќе се одигра во недела (1 октомври) во СРЦ „Кале“ со почеток од 19:00 часот, а влезот во салата ќе биде слободен.

Фото: sverigesradio.se