ЛШ, Винцек: Ќе биде екстремно тешко, но одиме во Скопје да победиме!

Кил во победничка атмосфера доаѓа на реванш четвртфиналниот натпревар од ЛШ против Вардар…

Популарните „зебри“ вчера на гостувањето кај Лајпциг во рамките од Бундеслигата како еден вид подготовка пред возвратниот дуел со македонскиот и европски шампион во СЦ „Јане Сандански“, триумфираше убедливо со 16:28.

ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ:

Бундеслига: „Зебрите“ во победничка атмосфера доаѓаат во Скопје!

Тренерот на Кил, Алфред Гисласон:

Одигравме многу добро против Лајпциг, особено бевме силни во одбраната, а воедно ќе ги истакнам и голманите Ландин и Волф. Сега се фокусираме на реваншот од ЛШ во Скопје, ако сакаме да направиме успех, мораме да имаме еден одличен ден. Знаеме дека таму фановите се фанатични, со тој еден гол негатива што ја имаме ќе ни биде уште потешко. Одиме како целосни аутсајдери“.

Ракометарот на Кил, Патрик Винцек:

Ќе го дадеме максимумот со цел да се пласираме на Ф4 турнирот во Келн. Знаеме дека ќе биде екстремно тешко, после првите 60. минути ситуацијата за нас не изгледа добро, но одиме во Скопје да триумфираме. Напред Кил“.

Фото: thw-handball.de