ЛШ: Вечерва Вардарки по заверка на првото место во групата против Битигхајм!

Пласманот на Вардар во четврт-финалето на Лигата на шампионите одамна беше заверен, а денеска од 19:00 часот против германски Битигхајм може да го потврди и првото место во групата.

Тоа ќе значи дека негов ривал во Топ-8 фазата ќе биде четвртопласираниот тим од првата група. Втората меѓусебна средба против Битигхајм би требало да биде само потврда на квалитетот на „црвено-црните“.

На првиот натпревар на почетокот на февруари во Германија избраничките на тренерот Ирина Дибирова победија со конечен резултат 26:38.

Вардарки досега играат според планот и се на чекор до освојување на првото место во групата, што би значело избегнување во четврт-финалето на екипите на Ростов, Ѓер или ЧСМ, а од друга страна нивни противник во следната фаза би требало да биде една од следните екипи: Митјиланд, Крим или Никобинг.

Познати се и составите за вечерашниот меч кој ќе го судат Ана Вранеш и Марлис Венингер од Австрија, а ЕХФ делегат е Светлана Обучина од Србија.

ЖРК Вардар: Лејно, Суслина, Бајрамоска, Цвијиќ, Керамичиева. Хмирова, Кликовац, Кузнецова, Лакрабер, Лазовиќ, Лекиќ, Пенезиќ, Петровиќ, Радичевиќ, Ристовска, Саздовска.

Битигхајм: Билтофт, Хундал, Иванцок, Кудлач-Глок, Лоенрот, Саламаха, Шулце, Вестер, С. Волер, Ф. Волер.

-ИНФОРМАЦИЈА ОКОЛУ ЦЕНИТЕ НА ВЛЕЗНИЦИТЕ-

Сите оние кои што сакаат да го проследат натпреварот и да им помогнат на „црвено-црните“ да стигнат до нова победа можат да го купат својот билет на билетарницата на С.Ц. Јане Сандански секој работен ден од 10:00 – 18:00 часот или пак онлајн на www.ticketplus.mk

Цени:

Трибина – 150 МКД

Повеќе информации може да се добијат и на:

Е-маил: info@ticketplus.mk

тел: + 389 2 401 980

Лига на шампиони (главна фаза)

Група 2

Денеска, 2. март Вардар-Битигхајм (19:00 ч.)
3. март ФТЦ-Мец (15:30 ч.)
4. март Турингер-Будуќност (14:00 ч.)

Табела:

1. Вардар 14 бодови
2. Мец 12
3. ФТЦ Будимпешта 10
4. Будуќност 6
5. Турингер 4
6. Битигхајм 2