Денеска официјално беа извлечени полуфиналните двојки од Фајнл-фор турнирот во женската ракометна ЕХФ Лигата на шампионите…
Македонскиот женски ракометен клуб Вардар во полуфиналето ќе игра против рускиот состав на Ростов-Дон, додека во второто полуфинале ќе се сретнат бранителот на титулата Ѓер (Унгарија) и романскиот претставник ЧСМ Букурешт.
Во пресрет на ждрепката, една од најдобрите ракометарки на „црвено-црните“, хрватскиот лев бек Андреа Пенезиќ изјави дека донесувањето на европскиот трофеј дома би било остварување на нејзиниот сон.
Завршниот ракометен спектакл во женската ЛШ ќе се одржи и годинава во Будимпешта во периодот од 12-13 мај 2018 год.
Термините на одигрување на полуфиналните мечеви на 12. мај се 15:15 и 18:00 часот, а наскоро ќе се дознае во кој термин ќе игра нашиот првак Вардар.
Да додадеме уште дека наредниот ден мечот за третото место ќе биде од 15:00 часот, а борбата за трофејот од 18:00 часот.
Лига на шампиони (жени)
Ф4 турнир – Будимпешта (12-13 мај 2018 год.)
ЧСМ Букурешт-Ѓер
Ростов Дон-Вардар
Вардар досега трипати беше третопласиран на Ф4 турнирите, а лани стигна до финале и несреќно загуби од Ѓер. Нашиот тим е еден од фаворитите за освојување на титулата.