ЛШ: Вардар ќе игра во вечерниот термин во полуфиналето на Ф4!

Како што и најави Европската ракометна федерација, објавени се термините кога ќе играат екипите на Ф4 турнирот во Будимпешта од ЛШ.

Македонскиот женски ракометен клуб Вардар на 12. мај ќе игра во вечерниот термин од 18:00 часот, поточно во второто полуфинале против рускиот Ростов-Дон.

Претходно, спектаклот во Унгарија ќе започне од 15:15 ч. кога бранителот на титулата Ѓер ќе се соочи против романскиот ЧСМ Букурешт.

Наредниот ден (13. мај 2018 год.) од 15:15 ч. поразените ќе играат за третото место, а од 18:00 ч. во „Пап Лашло“ Спортарена победниците ќе се борат за трофејот.