ЛШ: Вардар ја заокружи главната фаза со нова победа против Будуќност!

Женскиот ракометен клуб на Вардар со победа ја заокружи и оваа успешна групна главна фаза…

Македонските шампионки во салата „Морача“ вечерва славеа победа во балканската пресметка со тимот на Будуќност во Подгорица со резултат 25-30 (11-14).

ЖРК Вардар по првиот дел имаше три голови предност против тимот на Будуќност. Натпреварот започна израмнето, во петтата минута резултатот беше 3-3. Веќе во десеттата минута резултатот беше 5-6 за избраничките на тренерот Дибирова.

Веќе во 18. минута со гол на Хмирова од соло акција, Вардар дојде до предност од плус два. Во следните неколку минути и младите судии се „загубија“ на натпреварот, досудија неколку фаули кои не постоеја, но тоа не му сметаше на нашиот претставник, па така во 27. минута со голот на Лакрабер дојдоа до највисоките плус три, 11-14. До крајот ја задржаа предноста Вардарки од плус три, за на пауза да заминат со предност од 12-15.

Вториот дел подобро го отвори тимот на Будуќност, со три гола во серија за четири минути, домашниот тим дојде до егал 15-15 во 34. минута. Следните десет минути од дуелот минаа повторно во знакот на „црвено-црните“, во 44. минута имаа предност од 19-23.

И во второто полувреме блескаше на голот Ина Суслина, руската голманка до 44. минута успеа да одбрани три пенали. Во следните минути во серија на грешки влегоа и двата тима, па така се постигнаа малку голови, во 50. минута, или на десет до крајот, Вардар имаше комотна предност од 21-25.

Во 56. минута се беше решено, во голот на Лакрабер, Вардар дојде до предност од плус четири 23-27. Конечниот резултат на крајот гласеше 25-30.

Вардар: Лејно, Суслина, Радичевиќ 4 голови, Кликовац, Саздовска, Кузнецова 1, Бајрамоска, Лазовиќ 2, Пенезиќ 10, Керамичиева, Чанаџија, Лакрабер 7, Цвијиќ 1, Петровиќ, Ристовска.

На спротивната страна најефикасна беше Раичевиќ со 10 голови, по четири имаа Ујкиќ и Премовиќ.

Лига на шампиони (главна фаза)

Последно, 6. коло – Група 2

Будуќност-Вардар 25-30
Недела (17:00 ч.) Битигхајм-ФТЦ
Недела (17:00 ч.) Мец-Турингер

Табела:

1.Вардар 18 бодови
2.ФТЦ 12
3.Мец 12
4.Будуќност 8
5.Турингер 4
6.Битигхајм 2