ЛШ: Вардар ги пушти во продажба и билетите за дуелот со Барселона

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона во рамките од групната фаза од Лигата на шампионите е закажан за 14 октомври 2017 година, а со цел сите заинтересирани навреме да купат билети, истите се веќе пуштени во продажба.

Продажбата на билетите за натпреварот Вардар – Барселона ќе се врши преку продажната мрежа на ТикетПлус, како и онлајн на www.ticketplus.mk.

Цената на билетите за овој натпревар е:

Трибина – 350 денари
Стоење – 150 денари

Имателите на Вардар ПАС и сезонска картичка на РК Вардар можат да присуствуваат на овој натпревар само со приложување на електронскиот ваучер на влезот од СЦ „Јане Сандански”.

Повеќе информации можете да добиете на:
телефон: + 389 2 2401 980
e-mail: info@ticketplus.mk

Средбата Вардар – Барселона е закажана за 14 октомври 2017 година со почеток во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Во моментов во продажба се и билетите за натпреварот од ЛШ, меѓу Вардар и ППД загреб што е закажан за 1 октомври. Продажбата се врши преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk