ЛШ: Талески одличен во триумфот на Рајн Некар во Шведска! (ВИДЕО)

Во рамките од четвртото коло во ракометната машка ЕХФ Лигата на шампионите…

Составот на Рајн Некар Левен дојде и до вториот триумф сезонава убедлив на гостувањето кај Кристијанштад со 22:35 (12:18).

Германците ја оправдаа фаворитската улога против Швеѓаните, најефикасни за бундеслигашот беа Шмид и Толбринг со по седум голови, а придонесе и македонскиот интернационалец Филип Талески со четири голови со две исклучувања.

На спротивната страна Гудмундсон шест пати се запиша во листата на стрелците, по два помалку забележаа Арнарсон и Хален.

На табелата во групата А води Вардар со седум бодови, пред Рајн Некар кој има шест. На 12. октомври на домашен терен Рајн Некар ќе игра против хрватскиот ППД Загреб.