ЛШ: Талески и Рајн Некар го преслушаа и ППД Загреб!

Се одигра и вториот натпревар од групата А во машката ракометна ЕХФ Лигата на шампионите…

Составот на Рајн Некар Левен дојде и до третата победа сезонава дома над ППД Загреб со резултат 31:24.

Македонскиот интернационалец Филип Талески еднаш се запиша во листата на стрелците (1/2), а кај неговите тимски колеги најдобри беа Хендрик Пекелер и Мадс Ларсен Менсах со по седум погодоци.

На спротивната страна за хрватскиот претставник најрасположен беше десниот бек Жарко Марковиќ со пет голови (5/10).

На табелата води германскиот клуб со осум бодови, пред Пик Сегед, Барселона и Вардар со по седум, три има Нант на Кирил Лазаров, два ППД Загреб, а по еден Висла и Кристијанштад.

Петтото коло ќе се комплетира в сабота со дуелите Вардар-Барселона и Нант-Кристијанштад.