ЛШ, Стоилов: Заслужуваме полни трибини против Нант!

По неколкумесечна пауза во СЦ „Јане Сандански” повторно ќе се игра натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите, прв пред домашна публика сезонава.

Гостин е Нант, францускиот вицепрвак на македонскиот интернационалец и десен бек Кирил Лазаров во сабота со почеток од 17:30 часот во главниот град.

Вардар во ЛШ веќе има шест победи по ред, што е најдобар клупски рекорд досега, со шанса таа низа да се продолжи. „Црвено-црните” досега никогаш не играле против Нант во најквалитетното европско натпреварување, овој противник во првото коло на домашен терен триумфираше против унгарскиот ПИК Сегед со 30:26.

Сезонава францускиот тим влегува со големи амбиции, особено во домашното првенство. Таму го освоија и првиот трофеј, Супер купот на Франција победувајќи го ПСЖ, а тренерот на нашиот и европски шампион, Раул Гонзалез најави дека секако ќе се подготвува за Лазаров, но и за целиот тим, бидејќи гостите доаѓаат со состав во кој има многу добри индивидуалци, но исто така се силни и како тим.

Неизвесно е дали ќе брани голманот Страхиња Милиќ кој сѐ уште има болки во грбот. Тој ќе се обиде да тренира деновиве, па доколку ги издржи напорите можно е да биде во составот. Криштопанс се жалеше на болки во коленото, но тренира без проблеми.

Раул Гонзалес – тренер на Вардар

Задоволни сме како игравме со Висла и победивме. Многу е тешко да се игра во Полска. Сега треба да играме против Нант. Тие играат добар ракомет, го победија ПСЖ, а играа добро и против ПИК Сегед. Голманот на Нант одбрани 22 топки против ПИК Сегед.

Нашите играчи се чувствуваат добро, и веќе тренираме за овој меч. Ќе биде брз натпревар бидејќи тие играат на контри, а и ние така сакаме да играме. Очекувам дека навивачите ќе дојдат и ќе навиваат за нас“.

Стојанче Стоилов – капитен на Вардар

Досега сезоната се одвива како што посакуваме. Победивме на сите натпревари. Нѐ чека меч со Нант – тежок меч, незгоден противник. Одиме на победа, мал апел до нашите навивачи, да дојдат бидејќи заслужуваме полни трибини и ние“.

Билетите за натпреварот Вардар – Нант се врши преку продажната мрежа на ТикетПлус, како и онлајн на www.ticketplus.mk.

Цената на билетите за овој натпревар е:

Трибина – 350 денари
Стоење – 150 денари

Имателите на Вардар ПАС и сезонска картичка на РК Вардар можат да присуствуваат на овој натпревар само со приложување на електронскиот ваучер на влезот од СЦ „Јане Сандански”.

Повеќе информации можете да добиете на:
телефон: + 389 2 2401 980
e-mail: info@ticketplus.mk

Leave a Reply