ЛШ: Штербик и Прибак во идеалниот тим на колото (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Арпад Штербик имаше вкупно 15 одбрани на натпреварот, од што 10 во првиот дел, во победата над Барселона.

Во идеалниот тим се наоѓа поранешниот Вардарец, Алекс Душебаев кој моментно ги брани боите на Киелце и беше прв стрелец против Веспрем на нашиот Дејан Манасков со седум голови (7/7).

Исто така место помеѓу најдобрите седум играчи на колото во Лигата на шампионите во изборот на Европската ракометна федерација се наоѓа и повратникот во македонската сениорска репрезентација, Немања Прибак со 12 голови против Мотор Запорожје (12/12).

Идеален тим на колото

лево крило – Бастер Луј Јасен (Олборг)
лев бек – Мадс Менс Ларсен (Рајн Некар)
плејмејкер – Немања Прибак (Бешикташ)
десен бек – Алекс Душебаев (Киелце)
десно крило – Микел Дашек (Висла)
пивотмен – Николас Турна (Нант)
голман – Арпад Штербик (Вардар)

 

Видео прилогот на најдобрите 7 играчи можете да го погледнете тука – http://www.ehftv.com/int/video/best-7-round-05

Топ 5 голови –
http://www.ehftv.com/int/video/2017-10-15-top-5-goals-round-05

Топ 5 одбрани –
http://www.ehftv.com/int/video/2017-10-15-top-5-saves-round-05