ЛШ, Радичевиќ: Ќе има многу емоции, сакаме полни трибини на последниот меч во СЦ „Јане Сандански“!

Вардар го поседува квалитетот за да игра на Ф4, сега останува само потврдата…

Тимот покажа карактер да игра дури и кога има негатива, да не се откаже во ниту една ситуација.

Македонскиот женски ракометен клуб Вардар в сабота во Скопје ќе се обиде да ја одбрани минималната предност од првиот натпревар во четвртфиналето против Митјиланд (23:24) и  обезбеди нов настап на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Дојде и тој момент да го одиграме последниот меч за Вардар во СЦ „Јане Сандански” во овој состав. Верувам дека публиката ќе ги исполни трибините и дека ќе имаме голема поддршка на оваа средба. Сакаме на Ф4 турнирот за да го направиме оној чекор напред. Сакаме со победа да се збогуваме со натпреварите во Лигата на шампионите.

Со оглед на тоа што Вардар има победа против Митјиланд сите очекуваат и на овој дуел да има победа за Вардар, а особено поради тоа што ова е последен меч во ваков состав во Скопје. Свесни сме и за тоа дека нема да биде воопшто лесно.

Веруваме дека ќе можеме со победа да се најдеме на фајнл-фор турнирот. Сигурно ќе има многу емоции, но мораме да го дадеме максимумот за да дојдеме до посакуваното учество во Будимпешта. Сепак, би сакала да играме на овој дуел пред полни трибини и да уживаме“, изјави капитенот на Вардарки, Јованка Радичевиќ.

Натпреварот Вардар – Митјиланд е закажан за в сабота во 17 часот во СЦ „Јане Сандански – Скопје”.

Билетите се продаваат преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”

Фото: zrkvardar.mk/Денис Дуковски