ЛШ: Против Митјиланд се брка Ф4, последен домашен меч за европскиот „дрим-тим“ на Вардар!

Ракометарките на Вардар се на добар пат да бидат единствен тим што по петти пат ќе игра на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Остануваат уште 60 минути до потврда на тој успех, а реванш натпреварот против Митјиланд почнува со предност за Вардар. На првиот натпревар во Данска македонскиот женски ракометен клуб триумфираше со 23:24.

Натпреварот Вардар – Митјиланд е закажан за денеска од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански” – Скопје. Составот на Вардар за денешниот меч против Митјиланд:

Бајрамовска, Цвијиќ, Чанаџија, Хмирова, Кликовац, Кузнецова, Лакрабер, Лазовиќ, Лекиќ, Пенезиќ, Лејно, Петровиќ, Радичевиќ, Ристовска, Саздовска и Суслина. Тренер: Ирина Дибирова.

Судиската правда на овој дуел ќе ја делат Португалците Иван Какадор и Еурико Николау. ЕХФ делегат на овој дуел ќе биде Војиќ од Босна и Херцеговина.