ЛШ: Познати судиите за Фајнл-фор турнирот во Будимпешта

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата на судиите и делегатите за Ф4 турнирот од ЛШ што ќе се одигра на 12 и 13 мај во Будимпешта.

Познато е веќе дека романската судиска двојка, ќе му суди на нашиот Вардар на мечот со Ростов Дон во полуфиналето, делители на правдата ќе бидат Анамарија Стоја и Дијана-Кармен Флореску.

Делегати на ЕХФ на натпреваот ќе бидат Ања Фрешер (Словенија) и Јута Ерман Волф (Германија). Овој дуел е од 18:00 часот, а претходно од 15:15 ч. Хрватите Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица ќе им судат на ЧСМ Букурешт и Ѓер во првото полуфинале.

Воедно се познати и судиите за вториот ден, односно борбата за третото место на турнирот (15:15 ч.) и големото финале.

Пресметката за бронзата ќе ја судат Црногорките Јелена Митровиќ и Анѓелина Казанеград, додека завршната битка за титулата е резервирана за француските близначки Шарлот Бонавентура и Џули Бонавентура.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Вардарки во Подгорица ќе ги добијат медалите од регионалната ВРХЛ лига