ЛШ: Пенезиќ меѓу трите ѕвезди, Лејно во Топ 5 одбрани на колото! (ВИДЕО)

Вардар си обезбеди место во четврт-финалето на Лигата на шампионите, но избраничките на тренерот Дибирова сигурно чекорат и на патот кон Ф4 турнирот во Будимпешта.

Да потсетиме, македонскиот женски ракометен шампион на третиот меч од главната фаза на ЛШ во Скопје беше совладан црногорскиот претставник Будуќност со конечен резултат 31-24.

„Црвено-црните” одиграа речиси маестрално, а Андреа Пенезиќ беше избрана од страна на ЕХФ за една од трите ѕвезди на колото.

Хрватската ракометарка сезонава постојано е во фокусот како една од најдобрите ракометарки, не само на одредени натпревари, туку и воопшто во дресот на европскиот вице првак.

На дуелот со Будуќност левиот бек постигна осум голови. Покрај Пенезиќ во најдобрите три ракометарки на колото се најдоа уште и Ксениа Смитс од Мец и Ана Седојкина од Ростов.

Во изборот на ЕХФ за ова коло место имаше и за голманката Амандин Лејно. Таа се најде меѓу Топ-5 одбранети топки на колото. Погледнете ги најдобрите одбрани на колото.