ЛШ: Пенезиќ меѓу трите ѕвезди, Лакрабер и Суслина во Топ 5 одбрани и голови! (ВИДЕО)

Ракометарките на Вардар ги завршија натпреварите од главната фаза на Лигата на шампионите како првопласирани.

На последниот меч гостуваа македонските шампионки во Подгорица (Црна Гора) и го совладаа Будуќност со 30:25.

Сезонава на сите меѓусебни дуели триумфираа „црвено-црните“ и како први од групата влегуваат во четврт-финалето на ЛШ каде што ќе ги одмерат силите против данскиот состав на Митјиланд.

Најефикасна ракометарка на средбата против Будуќност беше Андреа Пенезиќ која постигна 10 гола. Таа е најефикасен играч на ЖРК Вардар во елитната лига и досега Хрватката постигна 75 гола во ЛШ.

ЕХФ ја вброи меѓу трите ѕвезди на колото во ЛШ заедно со поранешната голманка на Вардар Мајса Песоа и Стине Бредал Офетедал од Ѓер.

Францускиот десен бек Александра Лакрабер имаше еден од петте најубави голови постигнати во 6. коло од Главната фаза на ЛШ.

Ова се сите Топ-5 голови на колото.

Вардар ја има најдобрата одбрана сезонава во ЛШ, и две одлични голманки. Кога на едната не и оди, тука е другата. Овојпат меѓу петте најдобри одбрани беше Русинката Ина Суслина и нејзините две одбрани по ред.

Ова се Топ-5 одбрани на колото.