ЛШ: Официјално познати сите можни ривали на Вардар на Ф4 турнирот!

Денеска го дознавме и официјално последниот четврти патник на Фајнл-фор турнирот сезонава во женската ракометна Лига на шампионите.

Тоа е екипата на ЧСМ Букурешт која и покрај поразот на реванш четвртфиналниот дуел во Франција од Мец со резултат 27:20, благодарение на триумфот во првата пресметка во Романија со 34:21 трет пат по ред ќе игра на завршниот турнир.

Да додадеме уште дека Ф4 турнирот е закажан за периодот од 12-13 мај 2018 год. во главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Сезона 2017/2018
Лига на шампион (жени)

Учесници на Ф4 турнирот – Будимпешта (12/13 мај)

ЧСМ Букурешт (Романија)
Ѓер (Унгарија)
Вардар (Македонија)
Ростов-Дон (Русија)

Полуфиналните двојки ќе се извлекуваат со ждрепка на 17 април во Будимпешта во 18:30 часот. Вардарки се единствени што учествувале на сите пет завршни турнири и секогаш се враќале со медал. Трипати бронзени, а лани сребрени, а од таборот се надеваат дека годинава конечно ќе биде златна.

Фото: zrkvardar.mk/Денис Дуковски