ЛШ: Може ли вечерва Металург да го изненади Монпелје?

Вечерва со почеток во 19:00 часот, во ВИП арената СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра средбата од 7. коло на групната фаза на Лигата на шампионите, меѓу екипите на Металург и на Монпелје.

Монпелје од Франција засега е најуспешната екипа во сите групи во ЛШ и е единствена која забележа шест победи во изминатите шест кола.

Веќе се познати составите со кои двата тима ќе ја одиграат оваа средба, а кај македонскиот вицешампион има само една измена во однос на составот кој го одигра натпреварот со Чеховски Медведи.

Имено, место Филип Арсеновски на овој меч во Лигата на шампионите ќе дебитира младиот Милан Лазаревски, кој игра на пикерската позиција.

Состави –

Металург: Арсиќ, Томовски, Анџелиќ, Димитриевски, Гуглета, Илиќ, Јагањац, Кузмановски, Лазаревски, Палевски, Пешевски, Петров, Серафимов, Танкоски, Токиќ и Велковски.

Монпелје: Афгур, Бинго, Бонефонд, Каусе, Фаустин, Жерард, Гигу, Кафтичник, Порт, Портнер, Ричардсон, Соуси, Туми и Трушановичиус.

Судии: Хавиер Алварез Мата и Јон Бустаманте Лопез од Шпанија.

ЕХФ Делегат: Алин-Сергиу Кирлигеану од Романија.