ЛШ: Манасков и Веспрем ќе имаат „тешка задача“, Борко со Барса исто така ќе брка негатива!

Се одиграа и последните два натпревари викендов од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Веспрем загуби на гостувањето кај Скјерн изненадувачки прилично високо со 32:25, македонскиот интернационалец Дејан Манасков три пати се запиша во листата на стрелците. Реваншот во Унгарија ќе се игра на 31. март.

Исто така, негатива ќе брка и Барселона која загуби во Франција од Монпелје со 28:25. Нашиот голман Борко Ристовски остана на клупата, возвратниот дуел исто така ќе се одигра на 31. март.

Лига на шампиони

Осминафинале, резултати (први натпревари):

Монпелје-Барселона 28:25
Скјерн-Веспрем 32:25
Мешков Брест-Нант 24:32
Кристијанштад-Фленсбург 22:26
Киелце-Рајн Некар Левен 41:17
Кил-Пик Сегед 29:22