ЛШ: Каква мајсторија на Дибиров во дуелот со Перез де Варгас! (ВИДЕО)

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров е познат по своите атрактивни потези и голови на натпреварите…

И на последниот дуел од Лигата на шампионите против Барселона, рускиот интернационалец повторно постигна гол со кој се најде на листата на најдобрите за ова коло во изборот на ЕХФ ТВ.

Вардар загуби минимално со 28-29, но голманот на Барселона, Перез де Варгас сигурно ќе го памети овој одличен потег на Дибиров.

Најдобрите голови, и оној на Дибиров од последното коло на ЛШ можете да ги погледнете тука.