ЛШ, Јовиќ: Многу технички грешки и слаба одбрана, а противникот казнуваше!

Металург изненадувачки иако најави дека ја има фаворитската улога, вечерва загуби од „аутсајдерот“ Чеховски Медведи.

На прес-конференција помошникот-тренер на „сино-белите“, Александар Јовиќ им ја честиташе победата на Русите.

Бевме надиграни, одбраната ни беше слаба, направивме голем број технички грешки, ја немавме потребната борбеност. Тоа го казнуваше противникот воглавно од своите контри и полуконтри.

Ќе следува анализа, да видиме каде сме грешеле, да се подготвиме што подобро за наредните дуели. Исто така морам да потенцирам дека на вечерашниот меч клучните играчи не беа на своето ниво.

Сега имавме шанса за второ место после добрата серија на резултати, бевме еден чекор напред, а сега направивме два чекори назад.

Едно мора да се сфати, навистина тешко е да им се каже на толку млади играчи дека мораат да бидат максимално подготвени и во нападот и одбраната. Можеби и јас имам вина што не им го пренесов тоа подобро. Немавме проток на топката, потфрливме и бевме анемични.

Наш приоритет е да играме подобро од натпревар во натпревар. Свесни сме воедно дека преку Металург најмногу се произведуваат развиваат репрезентативци кои верувам дека за неколку години ќе бидат и во А селекцијата“, рече Јовиќ.