ЛШ, Илиќ: Им честитам на момците, покажавме дека вреди Металург!

Македонскиот ракометен клуб Металург денеска ја забележа првата победа во Лигата на шампионите, откако дома го совлада португалскиот Спортинг минимално со 28:27.

Своите импресии од одиграниот меч во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“ ги искажаа тренерот на Металург, Лино Червар и ракометарот Вања Илиќ.

Прес-конференција Металург-Спортинг (после натпревар)

Тренерот на Металург, Лино Червар:

Им честитам на моите играчи за триумфот, минатите две средби во ЛШ ги загубивме поради искуството. Вечерва собравме сили, верувајте осум јуниори и двајца кадети во составот, тоа никаде го нема во ова најквалитетно европско натпреварување.

Едноставно знаевме дека мораме да имаме трпение во игреата, ние серионо ја сфативме задачата, во првото полувреме започнавме паметно, добро и силно во одбраната, по што во нападот имавме многу решенија за реализација.

Во второто како да загубивме концентација, имавме загубени топки, примивме лесни голови од нивни контри, но на крајот заслужено и храбро дојдовме до бодовите и оваа значајна победа за нас“.

Ракометарот на Металург, Вања Илиќ:

Честитки до Спортинг на фер борбата, како и на Металург за победата. Покрај проблемите кои ги имавме во претходните неколку недели оваа сезона, сепак собравме сили, ја сфативме сериозно задачата, максимално пристапивме на вечерашниот меч.

После двата порази моравме да се извлечеме од таквата ситуација против еден ваков силен и незгоден противник. Покажавме дека вреди Металург, мислам дека ако вака продолжиме да играме, се надевам и верувам дека можеме на сите да им парираме во нашата група“.