ЛШ, Дибирова: Ни треба поддршката од трибините до победа над Битигхајм!

Пласманот на Вардар во четврт-финалето на Лигата на шампионите одамна беше заверен, а сега во петок, 19:00 часот против германски Битигхајм можеме да го потврди и првото место во групата.

Тоа ќе значи дека ривал на македонскиот женски ракометен клуб во Топ-8 фазата ќе биде четвртопласираниот тим од првата група каде што конкурираат три екипи: Митјиланд, Крим и Никобинг.

Средбата со Битигхајм би требало да биде само потврда на квалитетот на „црвено-црните“. На првиот натпревар на почетокот на февруари во Германија победија избраничките на тренерот Ирина Дибирова со 38:26, и сега се очекуваат освојување на бодовите.

Добро го познаваме противникот. Претходниот натпревар го добивме со голема разлика, иако првиот дел не беше лесен. Треба да играме перфектно за да победиме, и да ја решиме нашата задача во групата. На претходниот натпревар во Мец загубивме само порадите нашите грешки. Ни треба поддршката од трибините од сите, да бидеме сложни сите заедно дури и кога губиме. Треба да го вратиме победничкиот дух и да останеме на првото место“, изјави тренерот Ирина Дибирова.

До крајот на натпреварите од главната фаза Вардарки треба да играат уште два натпревари, овој со Битигхајм и на гости кај Будуќност. Им треба само победа против Битигхајм за потврда на првото место во групата

В петок сакаме само да победиме и на тој начин да го решиме првото место во групата. Изгубивме од Мец, поразот дојде во право време, за да не летнеме во облаци и мислам дека загубивме само поради нашите грешки. Тие играа исто како и досега, само ние не бевме на нашето ниво. Со нашата добра енергија, добра одбрана ќе треба да стигнеме до победа. Битигхајм не намачи кај нив во првиот дел и ќе сакаат да не пореметат нашиот ритам“, вели десното крило, Јованка Радичевиќ.

Вардарки досега играат според планот и се на чекор до освојување на првото место во групата, што би значело избегнување во четврт-финалето на екипите на Ростов, Ѓер или ЧСМ.

Очекувам дека со победа ќе ја завршиме главната рунда на домашен терен со што ќе го реализираме нашиот план, а со тоа ќе добиеме полесен тим за противник во четвртфиналето. Нашиот план беше да е биде прв во главната рунда и да се оди на Ф4. Битигхајм е во натпреварувачки ритам, но јас очекувам дека тимот ќе се консолидира по поразот од Мец и со една одлична партија ќе победиме“, се зборовите на претседателот на клубот Гордана Нацева.

-ИНФОРМАЦИЈА ОКОЛУ ЦЕНИТЕ НА ВЛЕЗНИЦИТЕ-

Сите оние кои што сакаат да го проследат натпреварот и да им помогнат на „црвено-црните“ да стигнат до нова победа можат да го купат својот билет на билетарницата на С.Ц. Јане Сандански секој работен ден од 10:00 – 18:00 часот или пак онлајн на www.ticketplus.mk

Цени:

Трибина – 150 МКД

Повеќе информации може да се добијат и на:

Е-маил: info@ticketplus.mk

тел: + 389 2 401 980