ЛШ, Дибиров: Добредојдена е победата и кога не играш добро!

Европскиот ракометен првак Вардар продолжува со победничката серија во лигата на шампионите и сезонава, откако на првиот домашен натпревар од група А триумфираше со 27-23 (14-10) против Нант.

За Вардар ова е втор триумф сезонава, седми по ред во лигата на шампионите. Новиот клупски рекорд во лигата на шампионите за Вардар е токму оваа седма победа по ред. На претходниот натпревар во Полска ја постигна шестата победа по ред што исто така беше рекордно, а сега само ја подигна летвичката за едно ниво погоре.

Резултатот покажува дека Вардар победи, но до двата бодови имаше голема борба, многу вложен труд и енергија. Кога беше најпотребно покажа дека има концентрација, сила, знаење и моќ од секоја ситуација да излезе како победник.

Руското лево крило на РК Вардар, Тимур Дибиров:

Сакам да му честитам на Нант за добрата и фер игра, имам само пофални зборови за нив. Двете екипи немаа(т) пораз сезонава, па затоа беше присутна и нервозата на теренот.

Вардар не беше перфектен на овој дуел, но добредојдена е победата и кога не играте добро. Некои работи не одеа како што треба на овој меч, но како и да е, за нас сега е важно добро да се подготвиме за следниот дуел (дома против ППД Загреб).

Ако зборуваме повторно за Нант, сметам може да направи многу оваа сезона во ЛШ, тим кој што може да победи многу силни тимови“.