ЛШ, битка за прво место: Составот на Вардар за денешниот меч против ФТЦ!

Денеска женскиот ракометен клуб Вардар ќе го игра натпреварот од 5. претпоследно коло во групата Ц на Лигата на шампионите, како гостин против ФТЦ Реил Карго во Будимпешта.

Тоа е дуел што ќе реши која екипа ќе биде прва на табелата и колку бодови ќе пренесе во следната фаза. Мечот во Унгарија ќе започне од 13:30 часот, а во продолжение составот на кој смета тренерот Ирина Дибирова за денешниот меч:

Составот на ЖРК Вардар: Лејно, Мицевска, Суслина, Чанаџија, Цвијиќ, Керамичиева, Хмирова, Кликовац, Кузнецова, Лакрабер, Лазовиќ, Пенезиќ, Петровиќ, Радичевиќ, Ристовска, Саздовска.

На дуел во Унгарија поради повреда не отпатуваа Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска. Мечот ќе го судат Шарлот Бонавентура и Жули Бонавентура од Франција, а ЕХФ делегатот доаѓа од Полска, Мирослав Баум.

Лига на шампиони (жени)

Група Ц, 5. коло

Денеска: (13:30 ч.) ФТЦ-ЖРК Вардар
Утре: (14:00 ч.) Турингер-Ларвик

Табела:

1.ЖРК Вардар 8 бодови
2.ФТЦ 6
3.Турингер 2
4.Ларвик 0