ЛШ, 1/4: Вардар со истите сили, а Кил ќе настапи без Вајнхолд!

Познати се составите за денешниот реванш натпревар од четвртфиналето во машката ракометна Лига на шампионите…

Дуелот ќе започне од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, а „црвено-црните“ имаат предност од 28:29 остварена во Германија.

Вардар предводен од тренерот Раул Гонзалез како и во првите 60. минути, така и на возвратниот дуел ќе смета на истиот состав.

„Моите ракометари се подготвени и сакаме уште еднаш да играме во Келн“, вели стратегот на Вардарци, Гонзалес.

На спротивната страна тренерот на „зебрите“ Алфред Гисласон нема да може да смета на десниот бек Стефан Вајнхолд кој се здоби со повреда.

Вардар: Штербик, Милиќ, Абутовиќ, Борозан, Канелјас, Циндриќ, Чупиќ, Дибиров, Фереира Мораеш, Карачиќ, Криштопанс, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Војводиќ.

Кил: Ландин Јакобсен, Волф, Билик, Дисингер, Дувњак, Екберг, Фирнбахер, Френд-Офорс, Нилсон, Рамел, Сантош, Вујин, Винцек, Зарабец.

Судии на денешниот меч се Чесите Вацлав Хорачек и Јири Новотни, додека ЕХФ делегатите доаѓаат од Словенија (Томо Водопивец) и Австрија (Хелмут Кол).