Лекиќ во Топ 5 голови после четвртфиналните реванш мечеви во ЛШ! (ВИДЕО)

Српскиот организатор на играта на „црвено-црните“ доби ново признание од ЕХФтв…

После одигрувањето на реванш четвртфиналните натпревари во женската ракометна Лига на шампионите, Андреа Лекиќ се најде во изборот на Топ 5 најубави голови.

Скоро исто како на првиот дуел во Данска, така и во возвратниот дуел во СЦ „Јане Сандански“ против Митјиланд, „цепелин“ на релација со француската интернационалка Александра Лакрабер.

НАЈДОБРИТЕ 5 ГОЛОВИ ВО ИЗБОРОТ НА ЕХФ ТВ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Пред ждрепката во вторник (17. април, 18:30 ч.) веќе се познати полуфиналистите на Ф4 турнирот, ЧСМ Букурешт, Вардар, Ѓер и Ростов Дон.

ЕХФ ТВ ГО НАЈАВУВА Ф4 ТУРНИРОТ ВО БУДИМПЕШТА И СИТЕ ФИНАЛИСТИ КОИ ШТО ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА ТУКА

НАЈДОБРОТО ОД ДОСЕГАШНИОТ ДЕЛ НА СЕЗОНАТА ВО ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА ЛШ ТУКА

Да додадеме уште дека само еден откако ЖРК Вардар го потврди учеството на Ф4 турнирот во ЛШ, имаше нов меч од домашното првенство.

На гостувањето во Куманово избраничките на тренерот Ирина Дибирова иако во некомплетен состав лесно и рутински победија со резултат 24:48 (10:23). Најефикасна во редовите на „црвено-црните“ беше Керамичиева со 11 голови, а на спротивната страна за ЖРК Куманово седум погодоци запиша Ивановска.

Фото: zrkvardar.mk/Денис Дуковски