Лекиќ по мечот во Германија: Првпат игравме така добро!

Првпат откако Вардар во Лигата на шампионите игра против Турингер избраничките на Дибирова така лесно ги освоија бодовите во Германија, и ја имаа контролата во играта.

Македонскиот женски ракометен шампион триумфираше со конечен резултат 29:21 и со овој триумф се наоѓа на првото место на табелата во групата Ц со максимални четири бода.

Одбраната беше на високо ниво, голманките Лејно и Суслина имаа вкупно 15 одбрани, а во нападот лесно Вардарки ги решаваа ситуациите. Јованка Радичевиќ со осум гола беше најефикасна ракометарка во нашиот состав, а Андреа Лекиќ постигна еден помалку.

Андреа Лекиќ – ракометарка на Вардар:

Турингер веќе неколку години ни е познат противник. Сега уште подобри ги анализравме. Тие се незгодна екипа и секогаш ни задаваше проблеми кога игравме тука со нив. Првпат игравме така добро и во целиот меч го контролиравме резултатот.

Клучот лежи во одбрана, ни донесе лесни голови. Полека и добро ја подигаме формата за следните натпревари“.

Во следното коло Вардар гостува кај Ларвик во Норвешка на 4 ноември.

Тренерот на Турингер, Херберт Милер:

Стартувавме многу мотивирано на натпреварот, но за жал не успеавме, поради приликите кои ги пропуштивме. Сакавме второто полувреме да го направиме побалансирано, но повторно паднавме, а причината беше Андреа Лекиќ која одлично го водеше Вардар во текот на овој дуел“.