Лазаров втор стрелец во француското дерби против ПСЖ!

Во рамките од 12. коло во најсилното француско првенство ремизираа во дербито екипите на Нант и ПСЖ со резултат 27:27 (13:15).

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров за домашниот состав пет пати се запиша во листата на стрелците, колку што имаше и Белегер, подобар од нив беше само Турне со осум голови.

На спротивната страна Ремили постигна седум погодоци, а по шест имаа Нилсен и Сагосен. Ова е прво реми сезонава и двата тима, ПСЖ е моментно трет на табелата со 19 бодови, додека Нант е на шестата позиција со 15.

Да додадеме уште дека Шамбери на нашиот поранешен селектор Ивица Обрван дома ремизираше 28:28 (13:12) против тимот на Ним.

Во генералниот пласман Шамбери е деветтопласиран со 11 бодови, втор е Ним со 19, додека водечки е Монпелје со 23 бодови и единствен без пораз во шампионатот.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-АВСТРИЈА: МИТКОВ СО 7 ГОЛОВИ ВО НОВИОТ ТРИУМФ НА КРЕМС!!!

Во 15. коло од австриската лига тимот на Кремс пред своите гледачи убедливо со 37:26 го совлада Ферлах, иако на полувремето имаше само плус два (16:14).

Нашиот десен бек Влатко Митков повторно блескаше и во освојувањето на новите бодови се истакна како втор стрелец со седум голови. На табелата Кремс е третопласиран со 19 бодови, зад водечките Алпла Хард и Аон Фиверс кои имаат по 24.