Лазаров прв стрелец во Нант, „двојки“ за Прибак и Манасков во ЛШ!

Во рамките од третото коло во најсилното француско првенство…

Екипата на Нант на гостински терен со минимален резултат 25:26 го совлада Ст. Рафаел.

На табелата Нант има максимални шест бодови заедно со ПСЖ и Монпелје на водечката позиција.

На денешниот дуел доминираше македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров како прв стрелец за својот клуб со седум голови, следен од Лагард со четири.

Исто така настап нашите интернационалци имаа и во Лигата на шампионите, така на пр. Веспрем со 26:29 славеше во Белорусија кај Мешков Брест.

Левото репрезентативно крило Дејан Манасков придонесе со два погодоци во редовите на унгарскиот гигант кој стигна и до третата победа по ред сезонава во ЛШ.

Два голови имаше и Немања Прибак во гостинскиот триумф на турскиот тим Бешикташ кај рускиот Чеховски Медведи (27:29).