Лазаров ја темпира формата пред ЕУРО, без грешка во победата против Тулуз!

Денеска во 13. коло од најсилното француско првенство…

Составот на Нант на гостински терен со резултат 28:34 (15:16) успеа да го совлада Тулуз.

Македонскиот интернационалец Кирил Лазаров имаше пет голови од исто толку обиди, а најефикасен беше Турно со осум.

Ова е осма победа за Нант и моментно шеста позиција со 17 бодови, шест помалку зад лидерот Монпелје кој има и меч помалку.

Ова беше последниот дуел за годинава во лигата за Нант, а првиот во 2018. год. ќе го има 14. февруари дома против Данкерк.

Да додадеме уште дека претходно Нант се пласираше во осминафиналето од францускиот куп после триумфот над нисколигашо Ланестар (24:42), а нашиот десен бек четири пати се запиша во листата на стрелците.