Лазаров и Прибак со Бешикташ до нова убедлива победа во Турција

Денеска во рамките од шестото коло во најсилното турско ракометно првенство во машка конкуренција…

Составот на Бешикташ славеше со конечен резултат 32:40 (15:18) на гостувањето кај тимот на Мили Пијанго.

Македонските интернационалци Немања Прибак и Филип Лазаров придонесоа со свои погодоци победата, Прибак имаше еден, а Лазаров два голови.

На табелата после четвртиот триумф (втор по ред) сезонава моментно е на второто место со осум бодови, но и меч помалку зад лидерот Гезтепе.